Радио Кочани
Кочани

Петиција „За нашите деца“ – За една недела дена собрани 1 800 потписи

463

За само една седмица се собрани 1800 потписи за Петицијата “НЕ на родовата идеологија во училиштата и актите и документите во Општина Кочани”. Кочанчани со оваа голема поддршка на Петицијата покажаа колку силно и одлучно се спротивставуваат на ова зло со кое родовите идеолози и пропагандасти сакаат да ни ги одземат традиционалните семејни вредности и воспостават општество на изместени вредности. Кочани не отстапува од борбата на фронтот. За животот, здравјето, среќата и образованието на децата имаат право да одлучуваат само родителите. Исклучиво родителите имаат право во своите деца да ги всадат нашите традиционални семејни вредности, без било кој да ги нарушува тие критериуми кои ни се поставени како наш светоглед и пат, пат по кој оделе нашите родители, пат по кој сега ние одиме, а сакаме да чекорат и нашите деца.

Примерите од другите земји за деструктивноста на родовата идеологија да ни биде за поука и да не дозволиме тоа да се воведе и кај нас бидејќи нашите деца не се ничии екпериментални глувци. Ве повикуваме сите да ја потпишете Петицијата против родовата идеологија во училиштата, актите и програмите на општина Кочани.

Потписи ќе се собираат и во наредните денови во градскиот трговски центар од 17:00 часот.

Ненад Стојанов, претставник од здружението „Родителски фронт“

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе