Радио Кочани
Кочани

На 21 и 22 октомври – „Денови на медот“ по 26 пат

494
„Деновите на медот“ годинава ќе се одржат на 21 и 22 октомври во Градскиот парк во Кочани. Станува збор за традиционална манифестација чиј организатор е локалното пчеларско здружение „Матица“.

Според информацијата што ја добивме од Борчо Атанасов, претседател на „Матица“, се очекуваат неколку десетици  излагачи од сите краеви на Македонија. Освен мед и други пчелни производи ќе има излагање и на опрема што се користи во пчеларството.
Годинава „Деновите на медот“ ќе се одржат по 26 пат.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе