Последната седмица од месец септември во Истибања се одржа вториот Меморијален турнир во мал фудбал „Владо Илиев“, а синоќа на првиот ден од месец октомври се одигра и финалниот натпревар.
На турнирот во присуство на стотици навивачи се натпреваруваа 18 екипи од повеќе градови и села од источниот дел на земјава, за награден фонд од 100 000 денари. Голем број спонзори го подржаа меморијалниот турнир посветен на Владо Илиев, а покрај останатите благодарници добија и највозрасниот и најмладиот учесник во натпреварите.
Во синиќешното финале се сретнаа двете најдобри екипи: казино „Магнум“ од Истибања/Виница и казино „Шери“ од Кочани, а кочанската екипа со победата од 5 : 2 го освои првото место и победничкиот пехар.
Медиумски спонзор на настанот е Радио Кочани
Се надеваме дека овој меморијален турнир ќе прерасне во традиционален и ќе се одржува секоја година на почетокот на есента.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе