Радио Кочани
Кочани

На 22 септември ќе се реализира велосипедската тура „По патеката на оризот“

349

По повод Меѓународниот ден без автомобили, в петок, на 22 септември, Општина Кочани ја организира велосипедската тура „По патеката на оризот“.

Настанот е отворен за учество на сите граѓани, љубители на велосипедот, рекреативци, членови на спортски и велосипедски здруженија. Велосипедистите ќе возат на  релацијата: Кочани – Горни Подлог – Мојанци – Грдовци – Кочани. Поаѓањето е во 16 ч. од Градскиот плоштад. Турата ќе биде спроведена според протоколите за безбедност во сообраќајот од страна на Одделението за внатрешни работи – Кочани.

Претходно, во 15:30 ч., во Венчалната сала, Ротари клубот Кочани-Виница ќе одржи презентација на проектот: Авантури на две тркала „По патот на комарците“, проект кој опфаќа мапирање на постојните локални патишта на територијата на општините Кочани, Виница, Чешиново-Облешево и Зрновци, како и промоција на здрави навики преку велосипедизам.

Со велосипедската тура „По патеката на оризот“, Општина Кочани се вклучува во одбележувањето на Европската недела на мобилност и го поттикнува користењето на превозните средства што не ја загадуваат животната средина.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе