Радио Кочани
Кочани

Се натпреварувавме, се забавувавме и прославувавме – Две години ДПД Кочани

346

Втората година од постоењето на Доброволното противпожарно друштво ја прославивме со збогатена програма

за разлика од првата. Целодневниот настан беше отворен со Првите доброволни противпожарни игри на кои настапија екипи составени од доброволни противпожарни друштва од нашата држава, но и гости од Србија и Хрватска. Истите се натпреваруваа на четири полигона на три различни локации – Пожарна, Споменик на Слободата и Градски парк. Победата ја однесе ДПД Петроварадин од Србија, второто место му припадна на ДПД Сашко Гешовски од Кавадарци, а пиедесталот го комплетираше ДПД САСИ од Македонска Каменица. Беа присутни и ДПД Архангел од Битола, како и ДПД Мраморак (Србија), ДПД Марчан (Хрватска) и ДПД Водњан (Хрватска). За првпат беше организирана и Мини олимпијада за најмладите во која со свои екипи зедоа учества сите основни училишта од Општина Кочани, Општина Зрновци и Општина Чешиново – Облешево (осум тима). Екипите беа составени од по 5 ученика од петто оделение со наставник и се натпреваруваа на три полигона, а сите учесници добија медали. Првото место го зазеде ОУ „Никола Карев“, ОУ „Кирил и Методиј“ беше на второ, а ОУ „Малина Попиванова“ го освои третото место. Во Градскиот парк ДПД Кочани имаше свој штанд на кој беше изложена опремата којашто ја поседува како и возила со кои посетителите можеа да се запознаат и да се фотографиират. Свој штанд имаше и компанијата АрморПлус која ги изложи најновите модели на противпожарна заштитна опрема и опрема за интервенции. Во попладневните часови се одржа и културно-уметничкиот дел од програмта. Беа прогласени најдобрите, а свое обраќање имаше Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, кој ја прими и благодарницата од ДПД Кочани за поддршка и придонес на градот кон развојот на друштвото. Свој настап имаа учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“, дечињата на градинката „Павлина Велјанова“, Енерџи Фит Клуб, Ансамбл АТМИ Митко Алексов и Јордан Манов Трио. Иако на крај од текстот, сепак најголема благодарност до сите наши членови кои го понесоа товарот за организација и реализација на овој настан.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе