Радио Кочани
Кочани

Доделени наградите на првиот турнир во баскет „Три икс три“

437

По повод 7 Септември – Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, Здружението на граѓани „Три икс три“ од Кочани, со поддршка од Општина Кочани го организираше првиот турнир во баскет „3 х 3“.

Два дена на теренот во СОУ „Љупчо Сантов“  Кочани се играа возбудливи натпревари проследени со дополнителни младински и урбани содржини.

Првото место на турнирот во баскет го освои екипата на „Еуроконтрол“,  втора е екипата на „Дастинг“, а трета – екипата на „Лол ОГС“. Трите најуспешни екипи добија ваучери во вредност од 30 илјади, 20 илјади и 10 илјади денари. За најкорисен играч на турнирот е прогласен Михаил Николов.

Доделувањето на наградите и одличната организација на турнирот ги поздрави и поддржа градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе