Радио Кочани
Кочани

Започна учебната година во ОМУ „Ристо Јуруков“ Кочани

312

Денеска започна учебната година за првачињата од ОМУ „Ристо Јуруков“ Кочани. На настанот за прием на првачињата присуствуваа родителите, наставниците и градоначалникот на Општина Кочани, којшто им посака успешна учебна година и високи достигнувања на поле на музиката.

Оваа учебна година настава посетуваат 164 ученици и тоа 114 ученици во деветгодишно образование и 50 ученици во шестогодишно образование.

Во прво одделение во деветгодишно образование се запишани 16 ученици, а во шестгодишно образование 8 ученици.

Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ е училиште со многубројни државни и меѓународни награди, кое опфаќа деветгодишно и шестгодишно музичко образование во зависност од инструментот кој се изучува.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе