Радио Кочани
Кочани

Општина Кочани објави јавен повик за доставување предлози за доделување на највисоките општински награди – за значајни остварувања и за животно дело.

835

Во согласност со членот 8 од Одлуката за наградите на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 9/2010, 6/2018 и 5/2019), Одборот за доделување на награди на општината Кочани, објавува

 

Ј А В Е Н       П О  В  И  К

 

за доставување предлози за доделување Награда на Општина Кочани за значајни остварувања за развојот на општината Кочани и Награда за животно дело

 

  1. Општината Кочани доделува Награда на Општина Кочани за значајни остварувања за развојот на општината Кочани.

Наградата за значајни остварувања за развојот на општината Кочани се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

           –  Наградата е во форма на плакета.

 

  1. Општината Кочани доделува и Награда на Општина Кочани за животно дело.

Наградата за животно дело е плакета и се доделува во случаи на исклучителни резултати и остварувања во областа на науката, иноваторството, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес, по претходна оценка на Одборот за доделување награди на Општина Кочани.

 

III. Предлозите за доделување на наградите се доставуваат до Одборот за доделување награди на Општина Кочани на адреса: Општина Кочани, ул. „Раде Кратовче“ бр. 1.

 

Предлозите треба да бидат образложени.

 

  1.          Јавниот повик трае од 01.08.2023 година до 25.08.2023 година.

 

 

 

Бр. 30-1470/1                                                 Претседател

01.08.2023 година                      на Одборот  за доделување награди

К о ч а н и                                                 на Општина Кочани,

Кристина Атанасова Арсова

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе