Радио Кочани
Кочани

18 – то Собрание…(Ж)ФК „Кочани“ влезе во полнолетство

1,113

ФК „Кочани“, женската и машката екипа, влегоа во полнолетство. Редовното годишно Собрание што се оджа соноќа во ресторанот „Аледар“ беше 18 – то по ред од основањето на клубот.

Основачите заеднички констатираа дека е најважен континуитетот, што клубот функционира толкав период и што веќе создава традиција. Бидејќи во изминатиот период женската екипа беше шампион на Македонија, учествуваше  во Купот на шампионите, изнедри повеќе репрезентативки.

Изминатата сезона од членовите на Собранието беше оценета како неуспешна од натпреварувачки аспект, затоа што веднаш по влегувањето во Првата женска фудбалска лига, екипата се сели во второлигашка конкуренција. Го зазеде десетото место на табелата од 12 екипи. Беше кажано: во моментов, објективно, ЖФК „Кочани“ нема играчки потенцијал за Прва лига.

Од финансиски аспект клубот е во добра кондиција, нема долгови, фудбалерките и другите побарувања се исплатени.

Според Оливер Јовановски, прв тренер на ФК „Кочани“, иднината е во создавање сопствен играчки кадар. „Поседуваме дваесетина девојчиња што ветуваат. Во нив треба да се вложува и да се почека да созреат.“

Нема некои преголеми амбиции во новата сезона. Ќе се оди на создавање стабилна екипа со фудбалерки од сопствените редови. Засилувања не се исклучуваат.

Што се однесува до машкиот дел од ФК „Кочани“, клубот се натпреваруваше со најмладите селекции во источниот регион и овде резултатите се на добро ниво.

Успешната работа во младите категории на ФК „Кочани“ е добро позната. Истакнато беше – изминатата година тројца момчиња што потекнуваат токму од овој клуб потпишаа професионални договори: Јован Манев за „Адана Демирспор“ во Турција, Андреј Лазаров за хрватскиот проволигаш „Рудеж“ и Методи Максимов за македонскиот прволигаш „Шкупи“ од Скопје

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе