Радио Кочани
Кочани

„Амфенол“ утре исплатува регрес за годишен одмор

6,457
Во тек на утрешниот ден 11. 07. 2023 г. ќе биде исплатен регрес за годишен одмор за 2403 лица вработени во ,,АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА”.
Во овие лица се опфатени сите вработени кои имаат стекнато 6 месеци стаж во тековната година.
Се известуваат овие вработени дека парите за регресот за годишен одмор утре ќе бидат на нивните сметки.
Останатите вработени кои до крајот на годината ќе стекнат 6 месеци работен стаж во АТМ, ќе бидат опфатени со исплата на регрес, на крајот на годината.
Како што никогаш во овие 10 години во ,,АМФЕНОЛ” не била во прашање редовната и навремена исплата на плати и додатоци за сите вработени, така и регресот за годишен одмор редовно се исплатува.
,,АМФЕНОЛ” – 10 години најсигурната компанија, со најдобри услови за своите вработени.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе