Радио Кочани
Кочани

Во Саботата на градскиот стадион во Кочани се одржа меморијален фудбалски натпревар по повод 50-годишнината од смртта на фудбалерот Никола Мантов…

1,240

Фудбалските ветерани од Кочани, Штип, Виница и други градови од државата, поранешни фудбалери на „Осогово“, „Брегалница“ и „Слога“ во Саботата овој викенд   на стадионот кој што денес го носи името на Мантов организираа меморијален натпревар и спортско дружење во спомен на 50-годишнината од трагичната смрт на нивниот другар и соиграч Никола Мантов.

Поранешните  спортисти и спортски работници, му оддадоа достојна почит на младиот фудбалер чиј живот згасна 1 јули 1973 година, за време на натпреварот помеѓу „Осогово“ и „ФАС 11 Октомври“  токму на овој стадион..

По иницијатива на ветераните на  Фудбалскиот клуб „Осогово“ се подготвува и книга посветена на Никола Мантов, чие излегување во јавноста се очекува наскоро.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе