Радио Кочани
Кочани

Убава вест – „Деликатес групација“ целосно ќе ја финансира обновата на детското игралиште…

2,960

Објавата на Радио Кочани со наслов:  „Старо игралиште со скршен кош, а децата не се откажуваат. Апелираат за помош“, наиде на голем интерес кај нашинците.

Повеќе од 40 000 граѓани меѓу кои и сопственици на релевантни компании на овие простори, едногласно се согласија дека е потребно да се реагира и да им се овозможи на младите, спортувајки да го минуваат слободното време, особено во периодот на распуст.

Со свој пост пренесувајќи ја нашата објава во текот на вчерашниот ден реагираше генералниот менаџер на „Деликатес Групацијата“- Ѓорги Ѓоргиевски, кој нагласи дека оваа наша ошествено одговорна компанија, целосно ќе ја финансира обновата на детското игралиште, кај Ветеринараната станица во Кочани.

Упатуваме голема благодарност, од наше име и од името на дечињата од оваа кочанска населба. Ова е уште еден доказ дека заеднички можеме да допринесеме за решавање на многу релевантни прашања од секојдневниот живот на граѓаните, особено за младите кои се нашата иднина.

 

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе