Радио Кочани
Кочани

Приведени дрвокрадци во кочанско

2,723

На 20.06.2023 полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода  К.Х.(26), М.Т.(18), Н.Н.(24), Н.Н.(23), З.Н.(40) и еден малолетник, сите од Кочани. Кај место викано „Бочвенец“ во атар на с.Полаки, кочанско, тие биле затекнати при вршење кражба на дрва од туѓа шума и притоа биле пронајдени 48 исечени стебла  на огревни дабови дрва. На местото на настанот биле пронајдени и одземени две патнички моторни возила и една моторна пила кои биле предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка. За случајот бил запознаен јавен обвинител и по негово целосно документирање против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio