Радио Кочани
Кочани

Апел: Да се грижиме сите за хигиената во детските игралишта

162

На детските игралишта во Кочани е регистрирана честа појава на негрижливо, несовесно однесување.

Кон просторот наменет за забава на најмладите, посебно неодговорно однесување  е забележано од страна на возрасните, со остатоците од храна, грицки и пакувањата од пијалаци.

Надлежните служби од Општина Кочани повикуваат сите да придонесеме за хигиената во детските игралишта.

Загрижувачка е и појавата на оштетување на урбаната опрема. Општина Кочани предупредува дека кон лицата коишто ќе бидат регистрирани дека ги уништуваат урбаната опрема и детските реквизити, ќе бидат преземани соодветни законски мерки.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе