Радио Кочани
Кочани

Денеска почнува летото, најдолгиот ден во годината

691

Денес е летната долгоденица, која го претставува најдолгиот ден во годината и го означува почетокот на летото. Летото почнува денес во 16 часот и 57 минути, а ќе трае до 23 септември. Во исто време на  Јужната хемисфера почнува зимата.

Сонцето го прави својот најголем лак над хоризонтот. Изгрева на североисток, на југ ја достигнува најголемата дневна висина, а заоѓа на северозапад.

Почетокот на летото не се случува секогаш во ист ден. Летото може да започне помеѓу 20 и 22 јуни, во зависност од тоа кога Сонцето ќе ја достигне највисоката точка. Првиот ден од летото е често ден со најмногу сончева светлина бидејќи сончевите зраци ја погодуваат земјата под директен агол.

Во Koчани, Сонцето изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денот ќе трае 15 часа и 14 минути.

На првиот ден од летото, синоптичарите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе