Радио Кочани
Кочани

Тешко повреден маж во Оризари откако механичар со товарно моторно возило удрил во него…

4,869

На 19.06.2023 во 15.35 часот во ОВР Кочани било пријавено дека околу 15.30 часот во автомеханичарска работилница во населбата Оризари, кочанско, со повреди се здобил В.С.(79) од Виница. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани, при што било констатирано дека околу 15.30 часот во автомеханичарската работилница, Б.Д.(62) од Кочани стартувал товарно моторно возило, сопственост на В.С., кое било незакочено и веднаш тргнало, при што го удрило В.С.. Притоа, В.С. се здобил со тешка телесна повреда констатирана во болницата  во Кочани. Се работи на расчистување на случајот.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе