Радио Кочани
Кочани

Распишана јавната набавка за конзервација и реставрација на партерното уредување на Споменикот на слободата

244

Општина Кочани ја објави јавната набавка за конзервација, реставрација и санација на архитектурата и партерното уредување на Споменикот на слободата, како дел од проектот што се реализира со поддршка од Амбасадата на САД во  Македонија преку грант од амбасадорскиот фонд за заштита на културно наследство.

Со распишаната тендерската постапка се бара најповолен економски оператор за санација на оштетената бетонска подлога; демонтажа и замена на подните облоги од мермер и травертин; санација на амфитеатралните и на пристапните скали со тераса и сценски партер, санирање на оштетените вертикални ѕидни површини и чистење и пескарење на бетонските ѕидни платна и заштита од атмосферските влијанија. Со јавната набавка за овие активности се планирани 8.252.810 ден.

Покрај овие, проектот опфаќа и конзерваторско-реставраторски работи на мозаичките фризови на заштитеното недвижно добро Споменик на слободата, за кои ќе има одделна јавна набавка.

Вкупниот износ на грантот од Амбасадата на САД е 254.300 американски долари.

Целта на проектот е да се подобри севкупна физичка состојба на Споменикот на слободата и да се вратат неговите суштински вредности и уметнички израз.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе