Радио Кочани
Кочани

Утрово во два и пол часот по полноќ, алармот го спаси Радио Кочани

6,174

Алармниот систем што Радио Кочани го инсталираше во спомен домот АСНОМ уште еднаш го спаси Радиото од кражби и оштетувања.
Синоќа околу 2 и пол часот по полноќ се огласи по кој знае кој пат и ги истера натрапниците кои во просториите си влегуваат како да се дома. И покрај сите мерки што ги превземаме, железни врати, заштитни решетки, нови брави, катанци, тие сепак изнаоѓаат начин да влезат. Голем дел од нив веќе отслужуваат казна затвор, ама сепак како што ни рече утрово во 2 часот и 30 минути дежурниот полицаец, повторно и повторно се јавуваатт нови „таленти“.


Неколкупати досега сме ги спасиле на суд да добијат само условна казна, доколку не го повторат делото, а тие упорно работат и трета смена. 90 % од нив веќе добро знаат дека овде нема ништо вредно од што би можеле да имаат материјална корист, ама останатите 10 % и до ден денес, нè оставаат без спиење.
Упатуваме уште еднаш благодарност до дежурните во кочанската полиција, кои веднаш по огласувањето на алармот, во рок од помалку од 5 минути беа на лице место.
Радио Кочани продолжува со емитувањето на вообичаената програмска шема, на задоволство на бројните наши слушатели.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе