Радио Кочани
Кочани

ПРОЕКТОТ,,СПОРТСКИОТ РИБОЛОВ ЕЛИКСИР ЗА МЛАДИТЕ” ОФИЦИЈАЛНО СТАРТУВА

185

СРЗЕК,,Кочански Рибар” Кочани заедно со ЗР,,АВЕНА” започна со имплементација на проектот,,Спортскиот риболов еликсир за младите” финансиран од ЕУ кој ќе вклучи 20 ученици и млади лица во тајните на спортскиот риболов на тапа и фидер техника од Јуни до Декември на риболовните води во Општина Кочани за промоција на риболовот како спортска дисциплина. Преку овој проект освен развивањето на спортскиот дух кај младите ќе се зголеми и понудата на Општина Кочани во делот на алтернативниот туризам.
Средба со родителите и учесниците на ден 17.06.2023 / летна бавча мотел Градче, во 10 часот.
Ве очекуваме.

Вкупно 20 млади лица(м/ж) ќе бидат авангарда на тимовите во спортски риболов на тапа слободен стил и во фидер техника. За првпат имаме можност организирано да ги едуцираме и вклучиме младите во тајните на овој спорт кој во светски рамки зема се поголем замав. Денес за жал родителите имаат се помалку ,,време” за своитедеца, а тие стануваат робови на мобилните телефони и зависници од прекумерно користење на социјалните мрежи. Спортот и престојот во природа е едиствениот начин за борба и превенција од технолошката зависност, а риболовот како спорт ги нуди и двете работи. Преку едукативни активности и натпревари на риболовните води во општината, младите ќе го развијат натпреварувачкиот и тимски дух , ќе се стекнат со знаења и умеења за овој спорт, а посебно со племенитоста на истиот(фати, фотографирај и врати во вода). Опремата за риболов, заштитни елеци, превоз, храна и освежителен пијалок се обезбедени од донаторот. Во проектот се вклучени 6 лицаод ГО за организација, едукација и безбедност на учесниците.
Да ги зачуваме и оплемениме риболовните води, флората и фауната за нас и идните генерации. Со афирмација на риболовните води и риболовот како спорт, ја зголемуваме понудата за спортски активности во Општина Кочани а со тоа и до подобар и поквалитетен начин на живот.
Според место на одвивање, активностите се поделени на четири локации и тоа : брана Градче(12), Кочанска река(2), Прибачевска бара(5) и Голема река(дводневен престој со логорување).
Предвидени се индивидуални и екипни натпреварувања во дисциплина спортски риболов на тапа и фидер техника. Најдобрите до 15 години(м/ж) ќе бидат дел од тимот уесник на еден државен натпревар во категорија У15 риболов на тапа слободен стил. Предвидени се неколку еко акции и оформување на риболовни позиции на брана Градче и Прибачевска бара. Планирана е и изградба на настрешници и пристапна патека со место за риболов за лица попреченост на двете локации. Во реализација на овие активности ќе бидат вклучени и волонтери од СРЗЕК и Авена. При реализација на активностите на локалитет Прибачевска бара планирана е соработка со локалното население.
Целосно ве подржувам и јас прв ќе ви се придружам во акцијата за уредување на Прибачевска бара, вели нашиот сограѓанин Перо Христов, но не сум сигурен до кога ќе остане уредено. Наше е да пробаме.Му одговоривме со насмевка на лицето.
Во текот на проектот ќе се формираат два тима во спортски риболов и тоа во дисциплина на тапа и фидер техника, со потенцијално учество на државен натпревар во У15 и збогатување на спортската понуда во општината. Исто така, планирано е вклучување на лицата со попреченост во спортскиот живот, додека пак нашата главна цел е развивање на еколошката свест.
Ги повикуваме родителите заедно со здружени сили да ги отргнеме за момент децата од мобилните телефони и да им овозможиме интересни содржини за спорт , рекреација и уживање.
По завршувањето на проектните активности тимовите ќе бидат дел од екипата на СРЗЕК Кочански рибар и наши промотори во афирмација на риболовот како спорт кај нивните врсници. Во иднина, како здружение планираме збогатување на спортските содржини и услови за нивно изведување за помасовно вклучување на младите во спортскиот и рекреативен риболов.
Контакт информации: Пријавување за учество во проектните активности на следниве телефони:
076376748- Ивица
070497321- Дејан

Проектот ,,Спортскиот риболов еликсир за младите” на СРЗЕК,, Кочански Рибар” Кочани се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот ,,Спортскиот риболов еликсир за младите” е кофинансиран од Oпштина Кочани “.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе