Радио Кочани
Кочани

Потпишан е договорот за обезбедување средства за проектот „Пречистителна станица за отпадни води” во село Видовиште во висина од околу 2 милиони денари…

423
Градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев како што изјави за Радио Кочани конечно го реши  загадувањето на Видовишка река,  со што  значително ќе  се подобрат животните услови на жителите во село Видовиште.
Информираше дека денеска е потпишан договорот за обезбедување на средства за проектот „Пречистителна станица за отпадни води” во село Видовиште во висина од 1 968 431 денари.
На почетокот на минатата година се изготви проект и беше обезбедена катастарска парцела за изградба на Пречистителна станица во Видовиште на местото каде што цела деценија претставува извор на зарази и е загадувач број еден на земјоделските површини, Видовишка река и Брегалница, што е  проблем за сточарите и земјоделците.
Денеска  се започна постапка за избор на фирма изведувач за изградба и целосна изведба на проектот кој што до крајот на месец Август ќе биде целосно реализиран.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе