Радио Кочани
Кочани

Тројца загинати во сообраќајката на автопатот Штип-Миладиновци, почина и 37-годишна жена…

10,977

Се зголемува бројот на жртви во тешката сообраќајна несреќа, која се случи на автопатот Штип-Миладиновци на околу половина километар на патарината кај село Кадрифаково. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека од страна на Клиничка болница-Штип добиле пријава дека на тешките телесни повреди подлегнала и 37 годишна жена.

Во судир меѓу две возила на лице место загинаа 15 годишно девојче и 62 годишна жена. Бројката на жртви во сообраќајната несреќа е три, а во моментов во штипската Клиничка болница се хоспитализирани четворица повредени лица.

Сообраќајот на оваа делница од Штип до клучката кај Кадрифаково е во прекин и се одвива по стариот регионален пат.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе