Радио Кочани
Кочани

Прва награда за мултиталентираната кочанчанка Викторија Захариева на музичкото талент шоу „Заблескај“

4,996

Прва награда за талентираната кочанчанка Викторија Захариева на музичкото талент шоу „Заблескај“ кое се одржа вчера во кафе бар „Интермецо“ во Скопје.
Таа уште на почетокот ги импресионираше членовите на жирикомисијата, популарните Александра Јанева,Антонио Димитриевски и Николче Мицевски.
Александра Јанева рече дека Вики е секогаш позитивна, енергична и зрела за сцената, а стилистката Марија Кикириткова го оцени стајлингот на нашата кочанчанка со највисока оценка.

– Во шоуто „Заблескај“ настапив со песната Танго од Негатив, покрај тоа што пеев имав и сценски настап, во ова шоу стекнав многу пријатели од областа на музиката
и многу сум среќна поради тоа.
Добив многу понуди за соработка и најбитно од се, се здобив со менаџер кој ќе ги организира моите настапи во Македонија и странство.

Јас имам 18 години и презадоволна сум од мојот настап во талент шоуто „Заблескај“  изјави за Радио Кочани

мултиталентирана Викторија Захариева.

 

Браво Вики Радио Кочани ти посакува огромни успеси и во иднина.

 

Д.Михајлов

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе