Радио Кочани
Кочани

Радио Кочани со проблеми во компјутерскиот систем – Се враќаме во контрола!

532

Почитувани, тимот на Радио Кочани им се извинува на сите верни слушатели за недоразбирањето кое настана со емитувањето на редовната програма. Имено во изминатите неколку часа имавме бројни реакции за временски неадекватното емитување на дел од музичките и говорни содржини. Едноставно компјутерскиот систем кој досега беспрекорно функционираше, одеднаш се врати во некои минати времиња и беше надвор од нашата контрола. Бидејќи вакво нешто за првпат ни се случува во долгогодишното работење, се обидуваме на сите начини да ја вратиме работата под контрола. Се надевам го прифаќате нашето големо извинување, затоа однапред ви благодариме!

Со почит Радио Кочани ФМ

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе