Радио Кочани
Кочани

Црвен крст – Девет екипи од Кочани и соседство се натпреваруваа со знаења од прва помош (ВИДЕО)

379

Стотина средношклци и основци беа дел од Натпреварот по прва помош што денеска се одржа во Паркот на Револуцијата во Кочани, во реализација на Општинската организација на Црвениот крст.
Седумдесет од нив се директни натпреварувачи во деветте екипи од средните и основните училишта од Кочани и регионот, останатите се волонтери.


Повеќе од видео – изјавата на Анета Коцева, претставник на Општинската организација на Црвениот крст од Кочани.

 

Екипата на СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани го освои првото место во категоријата младинци и ќе го претставува Црвен крст Кочани на Државниот натпревар на екипи по прва помош во месец септември.
Во категоријата подмладок каде се натпреваруваа екипи по прва помош од основните училишта од Кочани, Зрновци и Чешиново – Облешево најдобро пласирана беше екипата на ООУ „Никола Карев“ – Кочани, додека најуспешни во познавањето на на организацијата на Црвен крст и нејзиното работење – категорија дисеминација прикажа екипата на ОУ „Синиша Стоилов“ – Зрновци.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе