Радио Кочани
Кочани

Заврши втората по ред хуманитарна трка „Rotary Run“ во Кочани (ВИДЕО)

1,228

 

Денеска по улиците во централното градско подрачје во Кочани, се одржа  втората по ред хуманитарната трка „Rotary Run“ во организација на Ротари клубот Кочани-Виница.

Над 270 учесници, трчаа на 5 и 10 километри, а годинава имаше и фамилијарна трка, на 2,5 км.

Стартот на трката беше пред  ЦК „Бели Мугри“, по булеварот „Тодосија Паунов“, улиците „Никола Карев“, „Маршал Тито“ и „Кеј на револуцијата“.

 

Секој учесник на трката доби медал за учество, додека победниците во трите категории плакета и парични награди.

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе