Радио Кочани
Кочани

Од понеделник на ул. „Димитар Влахов“ помеѓу кружните текови „Стришани“ и „Пераклија“ започнува двонасочен сообраќај

4,855
По градежното уредување и поставување на сигнализација, согласно ревидираниот Основен сообраќаен проект за режимот на сообраќај на постојна состојба започнува примената на утврдениот режим на сообраќај. На ул. „Димитар Валхов“ од кружната крстосницата „Стришани“ формирана од ул. „Стево Тодосиевски“, ул.„Страшо Ербапче“ и ул.„Димитар Влахов“ до кружната крстосницата формирана од ул.„Димитар Влахов“, ул.„Глигор Апостолов Гочо“ и ул.„Лазар Андонов“ започнува да се одвива двонасочен сообраќај.
Од интерес за безбедност на сите учесници во сообраќајот потребно е почитување на сообраќајната сигнализација, прописи и правила.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе