Радио Кочани
Кочани

Опожарена куќа на улица „Стамен Манов“ во Кочани

1,660

Денеска oколу 10  часот во ТППЕ  кочани  е пријавено дека  на улица „Стамен Манов“ во Кочани настанал пожар на куќа  при што опожарена била кровната конструкција.

Со брза интервенција на пожарникарите од територијалната противпожарна единица кои пристигнале со 3 возила и 6 професионални пожарникари до 12 часот пожарот бил локализиран.

Според првичните сознанија нема повредeни ниту настрaдани лица, но направена е голема материјална штета.

 

Увид на местото на настанот направила екипа од ОВР Кочани , а според првичните сознанија најверјатно причина за пожарот  бил дефект во електричната инсталација.

Д.Михајлов

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе