Радио Кочани
Кочани

Во свечена атмосфера со амбиент за паметење одбележан патрониот празник на ООУ „Св. Кирил и Методиј“

848

Македонските и сесловенски просветители, браќата Кирил и Методиј се заслужни за културниот развој на сите словенски народи, основополжници се на сесловенската писменост и литература и основачи на првата словенска азбука – глаголицата.

Секоја година денешниот датум 24ти Мај, Македонија го одбележува и го слави големото дело на светите браќа Кирил и Методиј.

По тој повод и по повод патрониот празник синоќа свечена академија одржа и кочанското основно училиште кое со гордост го носи нивното име.

Училишниот хол беше претесен да ги прими посетителите, а според некој проценки немаше да биде доволна ниту реновраната сала ЦК „Бели Мугри“. Учениците и возвратија на публиката со

музички и театарски перформанс, беше прогласен и ученикот на генерацијата Павел Монев, а присутните сето тоа го наградија со громогласни аплаузи.

Радио Кочани успеа да долови дел од атмосферата, која ви ја пренесуваме низ видео запис.

 

Честитки за учениците и нивните наставници и ментори од ООУ „Св.Кирил и Методиј“ кои вредно работеа и со месеци ја подготвуваа оваа премиера, различна од сите други досега.

Им посакуваме уште многу успеси и радости во годините што следуваат, произведувајќи нови и нови  генерации млади луѓе кои ќе бидат носители на идните опшествени текови во нашата сакана општина.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе