Радио Кочани
Кочани

Високо 15-то место освои Тимот на ,,МакБот Пионери” при СОУ Гошо Викентиев од Кочани во конкуренција на 66 тимови од целиот свет

598

Со многу емоции, незаборавни искуства, спомени од прекрасно поминати денови , дружби со деца од цел свет од различни култури, стекнати нови пријателства, тимот на ,,МакБот Пионери” се врати од светско првенство во склоп на ,,First Lego League”, кое од 18ти до 21ви мај се одржа во Маракеш- Мароко.

На првенството учествуваа 66 тима од 54 држави од цел свет, а тимот од СОУ Гошо Викентиев Кочани се пласираше на 15 место во севкупна конкуренција. Горди сме со нашиот успех особено поради тоа што конкуренција ни беа многу јаки тимови како Јапонија, Германија, Франција.

Докажавме дека и ние можеме да се носиме со зададените предизвици и да постигнеме успех изјави за Радио Кочани – директорот Спирко Златков. Тимот на ,,МакБот Пионери” уште еднаш упати голема благодарност до Општина Кочани и сите наши сограѓани и фирми кои помогнаа да се создаде тој натпреварувачки дух и достојно да го презентираат училиштето, нашиот град Кочани и културата на нашата прекрасна земја Република Македонија.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе