Радио Кочани
Кочани

Честитка од градоначалникот Љупчо Папазов по повод Националниот ден на Власите

175

Почитувани,

 

Од мое лично име и од име на Општина Кочани, на сите припадници на влашката заедница им го честитам 23 Мај – Националниот ден на Власите, со желби за  благосостојба, просперитет и успех во негувањето на влашката култура и традиција.

Придонесот на Власите во севкупниот општествен живот на Македонија е значаен, за што изразувам искрена благодарност и почит.

Да продолжиме и понатаму заеднички да создаваме иднина темелена на заемна почит и доверба, сплотени во различностите, но единствени во остварување на заедничките цели.

Нека е честит Денот на Власите!

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio