Радио Кочани
Кочани

ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА KOЧАНИ – Се води хајка на социјалните мрежи против Кочанската болница

6,091

По повод хајката која се води против Општа болница со проширена дејност Кочани од педесетина ,,хејтери,, на социјалните мрежи Стручниот колегиум во состав: Д-р. Томе Солевски-хирург, Д-р. Димитар Скоробогач-анестезиолог, Д-р. Јорданка Анѓелеска-интернист, Д-р. Илчо Атанасовски-гибеколог акушер, Д-р. Марија Јорданова-педијатар, Д-р. Кристина Серафимова-невролог, Прим. Д-р. Драгана Могилвеска Груевска-радиодијагностичар и Д-р. Магдалена Денова-офталмолог, за појаснување на јавноста го дава ова известување,

Почитувани ова е заклучокот од состанокот на ден 15.05.2023 год.,

Општа болница со проширена дејност-Кочани е со дејност специјалистичко консултативна, што значи само специјалистот во дадениот момент самостојно одлучува за понатамошниот тек на лекувањето на болниот односно дали пациентот ќе остане на болничко лекување, ако е неопходно или ќе биде препратен во институции од терцијален карактер, што се однесува и за менаџментот и за неговата успешност оцена дава Министерот на основа на факти, а тие се дека сме болница која има 82% остварување од средствата добиени од Фондот, што е едно од највисоките проценти во државата, за споредба во 2017 е помалку од 50% , овој менаџмент јавниот долг го намали од 28.000.000,оо денари на заклучно со 30.04.2023 год. на 5.308.199,оо денари, од кои кон ЈЗУ Институт за трансфузија и Медицински факултет-Скопје – 4.881.149,оо денари и 427.023,оо за гориво, што е несомнен успех. Овој менаџмент нема исплатено ниту една дневница за службено патување или репрезентација, а внатрешните членови на Управниот одбор работат про боно, односно бесплатно. Исто така, напоменуваме дека медицинските објекти се во сопственост на Владата на РСМ, а општествените добра не ги уништуваат вработените во болницата, и досега не сме забележале дека некој вработен вади и уништува плочки, фрла во тоалетите пластични шишиња, влечки и друг кабаст материјал.

Свесни сме дека во овие тешки времиња на економска и здравствена криза најдовме начин да се справиме со истите.

Затоа, предизвикува чудење на сите нас од каде толку гнев и анимозитет кон нашата Институција. После на ненајавената посета на нашата институтција од Министерот за здравство на РСМ, Д-р. Фатмир Меџити на 04.05.2023 год. и нерговата констатација за состојбите во нашата институција-болница, со посета на сите болнички одделение и Итна мед. помош, и не најде забелешка.

Напоменуваме дека против лажните вести и говорот на омраза и повикување на секаков начин за дискредитација на установата ќе бидат известени надлежните органи.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе