Радио Кочани
Кочани

Тешко повреден возач излетал од пат и удрил во паркиран автомобил

4,323

Возач е тешко повреден во сообраќајка на магистралниот пат Делчево-Кочани. Според полицијата, во несреќата учествувале возило „ауди“ кое излетало од коловозот, а потоа удрило во паркирана „мазда“.

Вчера во 07.50 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Кочани, кај с.Истибања, виничко, патничко моторно возило „ауди“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.А.(34) од Кочани, излетало од коловозот и удрило во паркирано патничко моторно возило „мазда“ со винички регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Кочани“, велат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе