Радио Кочани
Кочани

Во Кочани,Виница и Пехчево – уапсени дилери на дрога…

3,410

На 04.05.2023 во 18.10 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Е.Д.(46) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 04.05.2023 во 15.55 часот, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода М.Е.(26) од Виница. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дробилки. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Денеска (05.05.2023), полициски службеници од ОВР Берово, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот и помошни простории на Н.Д.(27) во Пехчево, при што пронашле и одзеле марихуана. За случајот бил запознаен јавен обвинител и по комплетирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе