Радио Кочани
Кочани

Молчењето е злато, а ние сме „златен“ народ

2,006

И додека ние таканаречени останати граѓани мака мачиме да обезбедиме доволно средства за да ги покриеме давачките  за минимална плата од 20 175 денари, нашите функционери си поделија плати со 6 и 7 пати повисоки месечни приходи. Сега веднаш се поставува прашањето: Дали нивната работа и месечен анажман е толку голем да тие само за 2 месеци го заработуваат приходот за коj ниe работиме 12 месеци – односно цела година. Дали нивните 320 часа ангажираност ( со прашалник)  се рамни на нашите 1 920 часа?

Затоа младите во земјава не сакаат да работат и доколку не успеат да станат функционери си заминуваат.

Ќе се претвори ли Македонија во земја на функционери и пензионери?

Можеме ли сите да бидеме функционери и пензионери? Каде се земјоделците и сточарите, оние што не хранат? Каде е обичниот работник, оној со чиј труд се исплаќаат платите на газдите, вработените во јавниот сектор, функционерите и пензионерите?

Си поставуваме безброј прашања, а одговор нема кој да даде.

Молчењето е злато, вели една наша стара поговорка, а ние сме „ Златен народ“!

 

 

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе