Радио Кочани
Кочани

Реновираната сала на ЦК „Бели мугри“ во Кочани отворена за публиката (ВИДЕО)

1,101

После две години реконструкција на големата сала, партерот и балконот  успешно е завршена и втората фаза од реновирањето на Центарот за култура  „Бели мугри“  од Кочани, а со пригодна свеченост, кино проекција и коктел забава вчеравечер објектот повторно се отвори за публиката.

Реновирањето на големата сала е реализирано со средства од програмата за инвестиции на Министерството за култура, при што беа обезбедени 20 милиони денари.
Поставен е нов под и седишта, со што сега салата има капацитет од 356 места, а целосно е реконструиран и системот за озвучување и осветлувањe на сцената.

 

Д.Михајлов

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе