Радио Кочани
Кочани

Пожар во Хотел „Централ“ Виница (ВИДЕО)

9,665

Денеска доцна попладнево избувна пожар во Хотел „Централ“ кој е лоциран во центарот на Виница.

Со брза интервенција во која учествуваа  20 пожарникари од Кочани и Виница  и 8 доброволци – пожарникари од ДПД Кочани, со 8 противпожарни возила пожарот беше изгаснат за нешто повеќе од еден час, при што се спречи огромна материјална штета.

Засега не се познати причините за пожарот, како и колкава е  штетата.

Д.Михајлов

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе