Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Априлска крводарителска акција – собрани 48 крвни единици
Во организација на Црвен крст – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовната априлска крводарителска акција наменета за граѓанството.

На акцијата крв даруваа 48 крводарители од кои 4 првократни и 10 млади дарители до 30 годишна возраст.
Акцијата е 7 –ма по ред што годинава ја спроведува Црвен крст Кочани.
Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.