Радио Кочани
Кочани

Априлска крводарителска акција – собрани 48 крвни единици

206
Во организација на Црвен крст  – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовната априлска крводарителска акција наменета за граѓанството.
На акцијата крв даруваа 48 крводарители од кои 4 првократни и 10 млади дарители до 30 годишна возраст.

Акцијата е 7 –ма по ред што годинава ја спроведува Црвен крст Кочани.

Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе