Радио Кочани
Кочани

Дечињата од детската градинка ЈГДУ ,,Павлина Велјанова” во посета на ООУ,,Никола Карев”-Кочани

800

Вчера имавме чест гости на нашето училиште да ни бидат дечињата од детската градинка ЈГДУ ,,Павлина Велјанова”-Кочани.

Преку интерактивни работилници,детски полигони и станици со физичка активност до работилници во училишната медиатека и посета на целодневниот престој заедно со нашите вредни наставнички тие се запознаа со самото училиште и условите кои ги нудиме на самите ученици.На дечињата им беа доделени скромни поклони а наш најголем поклон беа детските насмевки и задоволството на нивните лица од настаните во кои тие беа вклучени заедно со нивните идни соученици.

Благодарност до вработените и раководителката на детската градинка ЈГДУ,,Павлина Велјанова”-Кочани за соработката со нашето училиште.

ООУ,,Никола Карев”-Кочани

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе