Радио Кочани
Кочани

Велигденска честитка од градоначалникот на Општина Кочани

168

Почитувани,

Во пресрет на најголемиот христијански празник – Христовото воскресение, дозволете ми да Ви го честитам Велигден и да Ви посакам здравје, благодат, Христова љубов, мир и спокој во секој дом.

Овој празник над празниците нека биде поттик да се утврдуваме во вистината и правдата, во трпението и милосрдието – да живееме во верата со добри дела.

Длабоко сум уверен дека токму ваквите големи празници помагаат во јакнењето на националната, меѓунационалната и мултиконфесионалната толеранција, како и во зачувувањето и развивањето на нашиот културен и национален идентитет.

Нека ни е честит Велигден!

Христос воскресе!

Навистина воскресе!

Љупчо Папазов

Градоначалник на Општина Кочани 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе