Радио Кочани
Кочани

„Сподели радост“ – велигденски хепенинг во Градскиот парк во Кочани (ВИДЕО)

1,614

Во пресрет на најголемиот христијански празник, под мотото „Сподели радост“, денеска во Градскиот парк се одржа претпразнична програма и Велигденски базар.

На Велигденскиот базар учествуваа учениците од ОУ „Свети Кирил и Методиј“ и „Малина Попиванова“, кои продаваа свои изработки и собраа 42.000 денари, средства што ќе бидат наменети за детските содржини од Велигденскиот хепенинг.

Пред многубројната публика во Градскиот парк, во културно-забавната програма настапија деца од Приватната детска градинка „Амичи“, ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ и ученици од ОМУ „Ристо Јуруков“, СОУ „Љупчо Сантов“, ОУ „Крсте Петков Мисирков“, „Раде Кратовче“ и „Малина Попиванова“.

Велигденскиот хепенинг го одбележува големото црвено јајце, декорација изработена  од учениците и менторите од машинската струка од СОУ „Гошо Викентиев“.

В недела, на 16 април, во рамките на Велигденскиот хепенинг, од 11 ч. ќе се одржи Ротари детска трка,  во 12 ч. е „Светот на Биби“; од 16 ч. е настапот на македонски музичари меѓу кои и Тамара Грујевска, Мартинијан Кириловски, Мите Стоилов,  Мелани Тарчуловска, Стефан Манасијевиќ, Ана Петановска и Џенгис Мемедовски, а од 20 ч. е настапот на Елена Ристеска.

 

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе