Радио Кочани
Кочани

ОК на ВМРО – ДПМНЕ од Чешиново – Облешево : „Само се шетаат и кажуваат куп невистини“

532

Изминативе денови сме сведоци на зачестени посети на Кочанскиот регион од страна на Министерот за земјоделие шумарство и водостопанство, како и премиерот на најкорумпираната влада на СДСМ и ДУИ. И сето тоа би било во ред ако нивната заинтересираност за кочанскиот ориз ја споделеа со земјоделците и оризопроизводителите, а не скришно само да се прошетат во неколку локални компани, кратко и без срам пред новинарите да искажат еден куп невистини, обидувајќи се да ја сокријат, генерално катастрофалната состојба со земјоделието во државата. Конечно заедно со нив пристигнаа на сметките на оризопроизводителите, после повеќе од една година, ветените 3 денари за 1кг. предадена арпа за реколтата 2021година.
Како што Африканците чекаат дожд во пустина така и земјоделците ги дочекаа 3 – те денари по килограм ќе ја започнуваат подготовката за новата производствена реколта. Земјоделци на својата земја ги направивте социјални случаеви, чекајќи субвенции за да преживеат.Навистина, оризовата арпа дојде до цена од 36 денари по килограм, и замислете од толку многу прехрамбени продукти вие ја замрзнавте токму цената на оризот?! „Зголемени за 300 проценти субвенците за оризот“?
Еве каква е сегашната и реална а трагична состојба. Вие господине премиер сте единствено способни да ширите демагогија и лага. Субвенциите за декар ориз за минатата година изнесува 1800денари.Не само што не се зголемени туку се намалени.
Во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ имавме 3000 денари за единица декар за 2013, 2014г. Плус додатни 3 денари за предадена арпа. Вреќа вештачко ѓубре(азот, НПК и другите од 25кг) беше 400/500 денари. Нафтата беше 38 денари. Цената на оризот тогаш во тие 2013 и 2014 година дојде до 30 денари за кг оризова арпа. Белиот се продаваше 60 денари. Трошоците за жетва на оризот беа помалку од 1000 денари. Од есента 2021 имаме бавно покачување на оризовата арпа. Во 2021 година цената беше од 17 до 20денари. Цените на репроматеријалите ги покачивте за 200 проценти. Една вреќа од 25 кг вештачко ѓубриво достигна до 1600 денари. Цената на нафтата достигна 100 денари за 1 литар. Со тоа ги доведовте до раб на егзистенција и задолжувања на земјоделците кои деновиве се во паника и несигурност дали и како ке ја започнат овогодишната сеидба на ориз. Зафатете се со работа! Предстои водоснабдителна сезона а вашите кадри и вашите парнери по криминал од ДУИ во Водостопанската организација сеуште се во зимски сон.Иако веќе истекуваат роковите за чистење на одводните канали и пуштање на водата од браната Калиманци која сеуште е празна поради криминална продажба на струја од минатата година. Без трошка срам се фалите дека обезбедивте ,,зелена нафта“ 160 денари за нафта по единица декар за ориз. Со 160 денари за нафта секој земјоделец може само да стигне од дома до површините за обработка. Според Институтот за ориз потребни се неколку операции за обработка на површините за кои за единица декар се потребни 10 л. или ( 700 – 800 денари за операциите: орање, рамнење, ѓубрење, дискување, прскање) за кои ако имаме каснење на водата можат и да се повторат неколку пати. На земјоделецот како и на секој човек му се потребни средства и да преживее а на само да прави репродукција на оризова арпа. Како земјоделецот да го прехрани семејството само со производна цена и со субвенции!? Како да направи обнова на механизацијата со само производна цена и субвенции!? Како да го плати своето здравствено и пензиско осигурување!? Тоа се низа на прашања на кои вашата криминална влада треба да одговори и да застане „РАМО ДО РАМО” со земјоделците наместо скришно со скапите владини возила и од народни пари платените „ЦРВЕНИ ЕЛЕЦИ“ да најавувате лажни 300% покачени субвенции.Вие единствено што добро знаете да направите е да ја манипулирате јавноста и да ги користите последните денови од вашето криминално владеење дополнително да ја влошувате економската состојба на граѓаните. Јасно е дека немате визија и не знаете како… Излезете на избори зошто народот сака да ве казни како никогаш досега!
Комисија за земјоделие при ОК ВМРО ДПМНЕ Чешиново – Облешево

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе