Радио Кочани
Кочани

КЈП „Водовод“- Уредување на тревни површини во централното градско подрачје

522
Во корелација со Општина Кочани, КЈП „Водовод“ со неговата оператива од
Секторот градско зеленило интензивно работи на косење трева на повеќе
локации во градот според предвидениот план и програма.
Денес се коси трева на просторот во централното градско подрачје.
Вработени од Секторот градско зеленило интензивно работат на уредување
на речното корито и тревните површини околу него како и парковите во
централното подрачје на потегот од градскиот плоштад до железничкиот мост.
Покрај интензивното косење на тревата, во оваа пролетна акција се
опфатени и активностите на садење сезонски цветен расад од повеќе видови
во цветните леи, како и тековните преостанати активности на окопување,
плевење,чистење на зеленилото, и кроење и кастрење на вегетацијата.
Со почит,
КЈП “Водовод” – Кочани
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе