Радио Кочани
Кочани

Соопштение од КЈП „Водовод“ – Дислокација на потисен цевковод

1,287
Во рамките на своите предвидени и планирани работни активности,
вработените во одделението за оддржување и реконструкција на водоводната
мрежа извршија оперативни активности за дислокација на потисниот
цевковод со дијаметар од 250 mm.
Причината за реконструкцијата беше наметната поради тоа што во таа точка
минува новиот колектор за отпадни води од с. Тркање и истиот ќе биде
поврзан на ПСОВ (Пречистителна станица за отпадни води).
Целокупната интервенција беше спроведена од вработените на КЈП “Водовод”
Кочани со сопствена механизација и не влијаеше врз квалитетот на
услугите кои комуналното претпријатие ги испорачува до крајните корисници.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе