Радио Кочани
Кочани

Презентација на тестирањата на паметните уреди за мерење и управување на дел од системот за јавно осветлување во Кочани

147

Деновиве, во организација на НАЛАС, на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, во рамките на Состанокот на работната група за дигитализација, која работеше на тема: „Подобрување на дигиталната трансформација на локално ниво, владите во Западен Балкан и Југоисточна Европа преку соработка и партнерство“, претставници од Општина Кочани и Македонски телеком ги презентираа резултатите од тестирањето на паметните уреди за мерење и управување на дел од јавното осветлување во Кочани.

Резултатите од тестирањата во Кочани беа претставени како дел од најдобрите практики во дигиталната технологија, трансформација и иницијативи за паметни градови – теми кои беа опфатени на состанокот на работната група.

Проектот „Паметно мерење и управување на енергијата  во системот за јавно осветлување во Кочани“, опфаќа надградба на постојните улични кабинети преку кои се вклучува група светилки со паметна и енергетска опрема, заради подобрување на работењето и управувањето на уличното осветлување во Кочани, заштеда и поефикасно искористување на електричната енергија.

Овој проект кој е поддржан од проектот ЕУ за енергетска транзиција: Пакт на градоначалници во Западен Балкан и Турција, финансиран од Европската Унија и Германското федерално министерство за економска соработка и развој, претставува чекор напред кон модернизацијата и управувањето со енергијата во системот за јавно осветлување во Кочани.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе