Радио Кочани
Кочани

Мартовска крводарителска акција во Црвен крст Кочани, собрани 36 крвни единици

243
Во организација на Црвен крст  Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовната мартовска крводарителска акција наменета за граѓанството.
На акцијата крв даруваа 36 крводарители од кои тројца првократни и 10 млади дарители до 30 годишна возраст.
Акцијата е 5 –та по ред што годинава ја спроведува Црвен крст Кочани.
Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе