Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Вработените на КЈП “Водовод” Кочани во координација со локалната
самоуправа во текот на денешниот ден ја исчистија дивата депонија и
целиот локалитет кај Спомен-домот “Асном”. Во текот на акцијата беа
собрани и изнесени околу 3 метри кубни мешан комунален отпад, градежен
шут и слично.
Во наредниот период, КЈП “Водовод” Кочани ќе продолжи со акции за
редовно чистење и отстранување на диви депонии на територијата на
Општина Кочани според утврдената динамика и план за работа.
Бидејќи во последно време во рамките на своите активности, КЈП “Водовод”
Кочани секојдевно се соочува со мини депонии од градежен шут, габаритен
отпад и расфрлан комунален отпад покрај контејнерите, упатуваме апел до
сите граѓани да го почитуваат Законот за јавна чистота, да не го
оставаат ѓубрето на недозволени места и со своето однесување и еколошка
свест да придонесат за поздрава и почиста животна средина.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне