Радио Кочани
Кочани

Општина Кочани потпиша меморандум за реализација на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“

269

Градоначалникот Љупчо Папазов потпиша меморандум за соработка со Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, со кој Општина Кочани преку основните училишта „Никола Карев“ и „Раде Кратовче“, а со поддршка на ОУ „Малина Попиванова“ ја започнува реализацијата на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“.

Проектот што ќе се реализира со поддршка од Детската фондација „Песталоци“ има за цел да овозможи еднаков пристап до квалитетно образование за децата со посебни образовни потреби, односно инклузија во поширока смисла.

Со овој проект ќе се обезбедат грантови за општините учеснички и за избраните училишта, ќе се градат капацитети и ќе се работи на воспоставување инклузивна клима во образовните институции.

Општина Кочани е една од дванаесетте општини во Македонија, која обезбеди тригодишно учество во проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе