Радио Кочани
Кочани

Кочанчанец додека го oбработувал своето лозје пронашол човечки остатоци…

9,168

Кочанчанец , вчера додека го oбработувал своето лозје пронашол човечки остатоци.

Пријавил во полиција, по што извршен е увид, соопштија од  СВР Штип.

-На 19.03.2023 во 11.15 часот во ОВР Кочани било пријавено дека во нива на место викано „Кочански дол“, атар на Кочани, биле пронајдени човечки коски, облека и обувки. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани. По наредба на Јавен обвинител пронајденото било дадено на вештачење, информираат од полицијата.

Местото каде се пронајдени остатоците, е во делот меѓу Кочани и населбата Оризари. Полицијата не соопштува дали се работи за човек кој е починат од поодамна или од поново време, но како што објаснуваат вештачењето ќе ги даде одговорите.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе