Радио Кочани
Кочани

ФА „Љупчо Сантов“ – Оризари посебен гостин од регионот во културно-уметничката програма на отварање на најголемиот во регионот Дом за стари лица во општина Никшич Црна Гора

509

По покана од  Националната Координаторка во Министерството за труд и социјална работа на Црна Гора, која е драга пријателка на Ансамблот, „Буда Џуканович“, ФА „Љупчо Сантов“ – Оризари  гостуваше во културно-уметничката програма на отварањето на најголемиот регионален Дом за стари лица во општина Никшич кој се отвори минатата среда на 15ти Март.

На овој настан приствуваа министри, шефови на делегации, претставници на Развојна Банка на Советот на Европа, како и  делегации од општините Кочани и Зрновци кои се сретнаа со градоначалниците на Цетиње и Подгорица.


Слободното време фолклористите го искористија за прошетка низ убавините на Никшич и до Манастирот во Острог.
Ансамблот продолжува да биде репрезент на изворниот фолклор како и мост на поврзување на општините Кочани и Зрновци со општините од странство.


Поканети на овој настан беа и градоначалниците и претседателите на советите на општина Кочани и Зрновци. Градоначалникот на општина Кочани од оправдани причини не беше присутен. Претседателот на советот на општина Кочани заедно со градоначалникот и претседателот на советот на општина Зрновци имаа работни состаноци со заменик градоначалникот на општина Цетиње и со претставници на главниот град на Црна Гора, Подгорица.

Од ФА „Љупчо Сантов“ за „Радио Кочани“ изјавија дека се подготвени за нови вакви и слични предизвици, како и возвратна посета за пријателите од Црна Гора…

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе